Барање за доделување на еднократен финансиски надоместок за новороденче, запишано со адреса на живеење на територијата на Општина Крива Паланка
20.01.2023 - 31.12.2023

Општина Крива Паланка со Одлука на Совет и оваа година ќе исплаќа по 3 000 денари на секое семејство со новороденче, родено од 01 јануари 2023 година чии родители се со адреса на живеење на територијата на општина Крива Паланка како позитивен поттик и стимулација за наталитетот и олеснување на финансиските трошоци околу новороденчето.