Барање за надоместување на дел од трошоците на младите на подрачјето на општина Крива Паланка за набавка на велосипеди за 2023
01.01.2023 - 31.12.2023

Врз основа на член 3 од Правилникот за уредување на условите, начинот и постапката за користење на финасиски средства од Буџетот на општина Крива Паланка за субвенционирање на младите на ппдрачјето на Општина Крива Паланка за купување на велосипед („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.15/22), Одлуката на Советот на Општина Крива Паланка за определување на максималниот износ за определување на поединечна субвенција за млади за купен велосипед за 2023, број 09-4898/29 од 22 декември 2022 година („Службен гласник на Општина Крива Паланка број 15/22) а согласно ПРОГРАМАТА ЗА МЛАДИ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА 2023 Општина Крива Паланка објавува

Јавен повик за надоместување на дел на трошоците на младите на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на велосипеди

Општина Крива Паланка, со цел да ги стимулира младите од својата општина кои ќе купат велосипед во тековната 2023 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на велосипедите, во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. За времетраењето на Јавниот повик јавноста ќе биде известувана за степенот на искористување на предвидените средства за субвенционирање на набавка на велосипеди, односно за преостанатите средства за таа намена. Во случај на исцрпување на средствата Општина Крива Паланка ќе објави дека Јавниот повик е завршен преку општинската веб-страница. Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Право на учество на Јавниот повик за субвенционирање на младите за набавка на велосипеди:

  1. Сите млади дефинирани во член 3 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.10/20), според кој „млади“ се лицата на возраст од 15 до 29 години, жители на Општина Крива Паланка што од 01 јануари 2023 купиле велосипеди во Република Северна Македонија.

  2. Со субвенцијата/надоместокот на дел на трошоците за набавка на велосипеди ќе бидат опфатени подносителите на пријава по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на предвидените средства во Буџетот на општината за 2023 година.

  3. Со одлука на Совет на Општина Крива Паланка, максималниот износ за поедничената субвенција за купен велосипед во 2023 по лице, се утврдува во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

  4. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање надоместок за еден велосипед.