Врз основа на член 11 од законот за социјална заштита („Службен весник на РМ“ бр. 104/19 и 146/19), член 22 став 1 точка 7 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/2002), член 21 став 1 точка 11 и член 15 став 1 точка 7 од Статутот на Општина Валандово, Советот на Општина Валандово на дваесет и петтата редовна седница одржана на 17.09.2019 година, донесе ПРАВИЛНИК за начинот на остварување на правото на користење на средства во вид на едократна парична помош и потребна документација за остварување на ова право
Член 1 Со овој Правилник се пропишува начинот на остварување на правото на еднократна парична помош и потребна документација за остварување на ова право.
Член 2 Барањето за остварување на правото на едократна парична помош се доставува до Градоначалникот на општина Валандово, преку Архивата на општина Валандово. Разгледувањето на барањето од одредбата на став 1 на овој член, нивната обработка како и постапување по истите, го врши 5-члена Комисија, формирана од страна на Градоначалникот на Општина Валандово. Врз основа на приложената документација, пропишана со овој Правилник, Записникот од извршениот увид за утврдување на постоење на социјален ризик, како и врз основа на својот наод и мислење и/или извршена проценка на штета, Комисијата доставува до Градоначалникот Предлог за доделување на средства во вид на еднократна парична помош.
Член 3 Подносителот на барањето за доделување на еднократна парична помош, заради добивање на помошта, за себе и за семејството приложува:
Член 4 Положбата од социјален ризик за утврдување на право на користење и на критериумите за доделување на средства во вид на еднократна парична помош се утврдува врз основа на следните документи:
Член 5 Еднократна парична помош ќе се доделува на семејства кои настрадале од природна непогода (пожар, поплава, земјотрес). Помошта во зависност од причинетата штета е од две категории:
Член 6 Средствата предвидени во буџетот на годишно ниво за еднократна парична помош за лекување ќе се распределуваат според следните критериуми:
Составен дел на барањето е медицинската документација со која подносителот на барањето располага. Правилникот важи за исклучително тешки болести кои го загрозуваат животот. Средствата од став 1 на овој член може да се користат само еднаш во текот на една календарска година.
Член 7 Предност за користење на средствата согласно член 5 и 6 ќе имаат жители на општина Валандово.
Член 8 Правилникот влегува во сила од денот на објавувањето во „Службен гласник на општина Валанадово“
Совет на Општина Валандово Претседател Владимир Марков